HomeДЕНЕШНАСветСАД: Еден град, четири часа, 27 предозирања од хероин!

САД: Еден град, четири часа, 27 предозирања од хероин!

Дури 27 случаеви со земање на прекумерена доза на хероин биле забележани во понеделникот во градот Хантингтон во САД во рок од само четири часа, а еден од нив бил смртоносен. Сите случаеви биле забележани во круг од два километри, па се претпоставува дека дрогата ја земале од ист дистрибутер, како и тоа дека во неа била вмешана и друга супстанца, која го предизвикала овој голем број на трагични случаеви, пренесуваат американските медиуми.

Локалната полиција соопшти дека не запленила дрога кај жртвите, но се надева дека медицинските експерти ќе успеат со помош на токсиколошка анализа да утврдат која сусптанца била додадена во хероинот. Хантингтон има околу 50.000 жители и се соочува со 18 до 20 предозирања неделно, па овој случај од понеделникот се смета за „катастрофален“.

Северната држава Западна Вирџинија во која се наоѓа и Хантингтон, според податоците на здраствените власти од 2014 година, имала најголем број на смртоносни исходи од предозирање кај наркоманите воопшто во Соединетите Американски Држави.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com