HomeДЕНЕШНАСветРуски хакери влегле во базата на податоци на Доналд Трамп

Руски хакери влегле во базата на податоци на Доналд Трамп

Хакери поврзани со руската влада влегле во компјутерската мрежа на Демократскиот национален комитет и дошле до база на податоци поврзани со Доналд Трамп. Претседателката на тој комитет Деби Васерман Шулц тој инцидент го оцени како сериозен и рече дека мора брзо да се реагира односно да се забрани пристапот кон овие информации и да се зголеми безбедноста на мрежата.

Магазинот „Вашингтон Пост“, кој прв ја објави веста околу влезот на руските хакери, наведе дека хакерите сериозно го загрозиле компјутерскиот систем „DNC“, кој содржел податоци од истражување на опозицијата за Трамп. Хакерите прочитале и одредени мејлови, пренесува „Вашингтон Пост“. Сепак, според овие информации хакерите немале пристап кон финансиските и личните информации.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com