HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиРуските алетичарки остануваат без Олипмиските игри во Рио!

Руските алетичарки остануваат без Олипмиските игри во Рио!

Атлетичарките на Русија и дефинитивно ќе останат без учество на Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во Рио, откако нивната суспензија беше потврдена од страна на Спортскиот арбитражен суд во Лозана.Судот за арбитража во спортот ја потврди суспензијата од ИААФ. Игрите во Бразил ќе поминат без 68 претставници на Русија во „кралицата на спортовите“

Судот за арбитража во спортот (КАС) ја отфрли жалбата од Олимпискиот комитет на Русија и од 68 руски атлетичари за забраната за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро наредниот месец. Суспензијата ја изрече Меѓународната асоцијација на атлетските федерации (ИААФ) по наводите за државно спонзориран допинг и за негово прикривање.

Со оваа одлука, и дефинитивно беше погребана руската атлетика“, вели Елена Исинбаева. Сепак, неколкумина руски атлетичари ќе можат да се натпреваруваат во Рио, но ќе мора да исполнат низа критериуми, меѓу другото, да биле тестирани на допинг во други земји.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com