HomeРЕФЛЕКТОРМузикаРуси го пејат Бајага! (ВИДЕО)

Руси го пејат Бајага! (ВИДЕО)

Големиот хит на балканската ѕвезда Бајага и Инструктори „Верујем, не верујем“, неочекувано доби верзија на руски јазик „Верю – не верю“, во изведба на московскиот бенд „The Peaсe Dukes“.

„Навистина ми се допаѓа нивната верзија на мојата песна. Ми се допаѓа енергијата, а и спотот е одличен“, смета Момчило Бајагиќ. „Верујем, не верујем“, веќе еднаш до сега беше успешно пропеана. Пред неколку години, полскиот рок изведувач музичарот Мачеј Маленџук стигна до повеќемилионски прегледи на Youtube со својата верзија од оваа песна под назив „Ostantia nocka“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com