HomeГИГА БАЈТСмартфонРусија ќе забрани службениците да користат странски мобилни апликации

Русија ќе забрани службениците да користат странски мобилни апликации

Безбедносни или бизнис цели? Руското Министерство за економски развој предлага да се забрани државните службеници и вработените во армијата да користат за службени цели мобилни апликации на странски компании, објави Комерсант.
Предлогот веќе е испратен до претседателот на државата, наведува весникот.

„Се предлага за службена коресподенција да се користат руски месинџери“, потврди за весникот претставник од Министерството. Ограничувања може да ги погодат Gmail и популарните апликации WhatsApp, Viber, Skype и Telegram. Мерките би важеле и за компаниите каде државата има учество и за државните монополи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com