HomeДЕНЕШНАСветРусија: Уапсено лице поради планирање на терористички напад

Русија: Уапсено лице поради планирање на терористички напад

Руските власти во Самара уапсиле еден маж за кој се верува дека планиран терористички напад во регионот Волга, пренесува агенцијата „Тас“, повикувајќи се на локалните полициски извори. Осомничениот, кој бил идентификуван како 34-годишно лице од средна Азија, бил уапсен во четвртокот во специјална операција во дистриктот Ленински во Самара.

Агенцијата „Тас“ пренесува дека полицијата за време на претресот во неговата куќа запленила пушка „Калашников“, муниција, експлозив ТНТ и бројни упатства за конструирање на експлозивни направи, како и заклетва за верност на лидерот на Исламската држава.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com