HomeГИГА БАЈТРусија подготвува своја „Википедија“

Русија подготвува своја „Википедија“

Русија планира да формира научно-образовен интерактивен енциклопедиски интернет портал, кој би требало да биде директен конкурент на „Википедија“. Премиерот на Русија Димитриј Медведев веќе ја потпиша неопходната документација за основање на порталот, а за основа на проектот ќе биде земена Големата руска енциклопедија, како и другите руски научни енциклопедии.

Според податоците на директорот на Руската национална библиотека Александр Висилиј, со појавата на новиот портал граѓаните ќе имаат можност да бираат од каде ќе црпат информации и на кој ќе му веруваат повеќе. Идејата за формирање на ваков портал се појавила во 2014 година, бидејќи од Руската национална библиотека сметаат дека сегашната Википедија содржи многу неточни информации и сметаат дека треба да се направи нејзина подобрена верзија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com