HomeДЕНЕШНАЕкономијаРусија забрани увоз на говедско месо од Македонија

Русија забрани увоз на говедско месо од Македонија

Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола вчера воведе привремено ограничување на увозот на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија. Одлуката е донесена поради регистрирањето на епидемија на јазлеста кожа кај стоката во Македонија.

Забраната се однесува и на увоз на производи од говедско месо, како и од други животни што се подложни на болеста јазлеста кожа, а особено на производи што не се обработени на соодветен начин. Со одлуката за забрана на увоз се опфатени производите од необработена говедска кожа, како и продукти со говедски генетски материјали.

Истовремено, Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија привремено го ограничи и транспортот на говеда и на друга стока подложна на јазлеста кожа преку територијата на Русија. Руската Федерација воведе исти такви забрани и за крупна стока и за месни производи од Црна Гора.

МЕТА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com