HomeДЕНЕШНАСветРусите направиле своја верзија од „Pokemon go“

Русите направиле своја верзија од „Pokemon go“

Градот Москва направил апликација која се базира на актуелната игра „Pokemon go“ и во која играчите ги „ловат“ руските историски личности. Апликацијата би требало да биде достапна веќе следниот месец и ќе биде мотив за Русите повеќе време да поминуваат надвор, соопштено е денес од општината на градот Москва.

Виртуелната игра под привремен назив „Get to Know Moscow. Photo“, ќе им овозможи на гејмерите да бараат историски личности како што се Петар Велики, Иван Грозни, пеотот Александар Пушкин, астронаутот Јуриј Гагарин и советската рок ѕвезда Виктор Цој. Кога играчите ќе ги пронајдат овие личности, ќе можат да ја користат предната камера и да направат селфи со нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com