HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРоналдо: Против Волфзбург мора да биде „магично“

Роналдо: Против Волфзбург мора да биде „магично“

Getty Images

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо очекува „магична вечер“ во реванш натпреварот во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Волфзбур на Сантијаго Бернабеу. „Кралскиот клуб“ мора да надополни два гола негатива, после поразот во Германија од 2:0, доколку сака да се најде во следната фаза. „Би сакал стадионот да биде полн, бидејќи многу ќе ни значи поддршката од навивачите. Се надевам дека тоа ќе биде магична вечер и многу сум возбуден поради тоа. Имаме самодоверба, тренерот верува и навивачите мора да веруваат. Тоа мора да биде магична, совршена вечер“, изјави Роналдо.

Роналдо исто така истакна дека и тој и неговите соиграчи мора да останат смирени пред овој голем натпревар. „Ќе биде потребно големи трпение за победа. Секој од нас на теренот ќе мора да се бори и да игра со голем интензитет во текот на сите 90 минути“, додаде Кристијано Роналдо. Реванш натпреварот од четвртфиналето помеѓу Реал Мадрид и Волфзбург е закажан за вторник во Мадрид со почеток од 20:45.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com