HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРоналдо: Знаев дека ќе погодам

Роналдо: Знаев дека ќе погодам

Кристијано Роналдо беше пресреќен откако неговиот тим дојде до освојувањето на 11 по ред титула во најелитното европско натпреварување. Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите во Милано го совлада Атлетико Мадрид после пенал рулетот 5:3, а одлучувајчкиот пенал го постигна токму Роналдо, после промашувањето на Хуанфран.

„Многу сме среќни, финалињата се секогаш тешки. Екипата беше одлична и многу се жртвуваше. Тоа е импресивно. Знае дека ќе го постигна победоносниот пенал. Бев самоуверен. Среќен сум, сакам да го споделам овој трофеј со сите фанови на Реал Мадрид“, изјави Кристијано Роналдо, кој по трети пат во својата кариера дојде до овој трофеј.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com