HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРоналдо во прегратка на својот фудбалски татко! (ФОТО + ВИДЕО)

Роналдо во прегратка на својот фудбалски татко! (ФОТО + ВИДЕО)

Кога ќе видите вакво нешто, дури тогаш ќе сватите какви слики може да режира фудбалот. Португалците беа во центрот на вниманието после големата победа и освојувањето на Европското првенство, сепак за Кристијано Роналдо не постоеше ништо друго кога синоќа после финалето го здогледа Сер Алекс Фергусон.

Легендарниот шкот го гушна својот фудбалски син во моментот на неговиот најголем триумф. Бидејќи, со оваа титула на Португалија, Роналдо се искачува на самиот врв, не само кога е сегашноста во прашање, туку и воопшто постигна голем историски успех. А токму Сер Алекс Фергусон е клучна фигура во неговиот развој, не само како играч туку како и личност, а Роналдо тоа никогаш не заборава да го истакне.

Поради тоа, оваа слика делува како конечна благодарност на еден од најголемите фудбалери на сите времиња!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com