HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаРомео Тревис верува дека може да и помогне на македонската репрезентација

Ромео Тревис верува дека може да и помогне на македонската репрезентација

Искусниот ветеран Ромео Тревис пристигна во Македонија, а од вчера започна и со тренинзи со нашата кошаркарска репрезентација. Американецот започна да работи напорно работа адаптирајќи се во новата средина, во која не познава никого, но не очекува тоа да претставува проблем.

„Не знам премногу за македонската кошарка, освен што имам играно против дел од овие репрезентативци додека настапував во Јадранската лига. Ова е нов предизвик за мене и подготвен сум за настапите за Македонија, верувам дека ќе бидам од помош за да се остварат целите што се зацртани и заедно да обезбедиме пласман на Евробаскет 2017“, вели Тревис. Во ситуација кога останавме и без Бојан Трајковски јасно е дека присуството на Ромео Тревис во рекетот ќе биде и повеќе од потребно, се со цел да се стигне до едно од првите две места во групата.

„Јас сум ветеран и ќе помогнам на Македонија со своето искуство, мислам дека тоа е она што најмногу и недостига на оваа репрезентација. Имам одиграно бројни врвни натпревари, знам што е потребно за да се победува и ќе го пренесам тоа врз помладите“ – истакна Тревис.

Македонија е во група со Велика Британија, Унгарија и Луксембург, но новиот репрезентативец предупредува дека ниту еден ривал не смее да се потцени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com