HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураРоманот „Доротеј“ од Добрило Ненадиќ преведен на македонски

Романот „Доротеј“ од Добрило Ненадиќ преведен на македонски

Романот „Доротеј“ на Добрило Ненадиќ е во издание на издавачката куќа „Слово“. Преводот на македонски јазик му припаѓа на Димитар Башевски, а за прв пат е објавен во 1977 година. При неговото прво објавување беше пречекан со највисоки оценки и е преведен и објавен на неколку светски јазици.

Дејството на романот е сместен во раниот српски среден век и претставува историска фикција. Зборува за борбата за власт, за човечките мани и доблести, и низ сето тоа е исплетена една несекојдневна љубовна приказна на монахот Доротеј со жената на властелинот Лауш, љубов која неминовно завршува трагично.

Според мотивите на овој роман, во 1981 година беше снимен филм во режија на Здравко Велимировиќ, во кој забележителни улоги имаа и македонските актери Мето Јовановски, Дарко Дамески и Данчо Чевревски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com