HomeРЕФЛЕКТОРМузикаРијана: Не барајте покемони, уживајте во концертите

Ријана: Не барајте покемони, уживајте во концертите

Потрагата по покемони доби загрижувачки размери, а најновите примери за тоа се упатената молба на Ријана до своите обожаватели да не ги „ловат“ покемоните за време на нејзините концерти, додека Келнската катедрала пак била приморана да ангажира адвокати за да ги спречи покемон ловците.

Поп пејачката настапила во Лил во рамките на својота турнеја „Anti World Tour”, каде ги замолила луѓето во публиката да уживаат во нејзиниот настап наместо постојано да гледаат во екраните на своите телефони барајќи покемони.

„Не сакам да ве гледам како пишувате пораки или барате покемони“, изјави Ријана за време на овој концерт. Од друга страна, католичката црква ангажирала адвокати за да ги спречи ловците на покемони кои се наоѓале во Келнската катедрала, бидејќи се уште не добила одговор на барањето црквата да биде исклучена од списокот со локации за тоа каде можат да се појават покемони.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com