HomeРЕФЛЕКТОРТеатар„Риголето“ дел од Мајските оперски вечери

„Риголето“ дел од Мајските оперски вечери


Во рамките на Мајските оперки вечери, во вторник 17-ти мај со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе биде изведена прославената оперска претстава на Џуземе Верди, „Риголето“.

Во претставата настапува врвна солистичка екипа каде во главните улоги се наоѓаат: Риголето: Карлос Алмагер Вилалобос (Мексико), Џилда ќе ја толкува Зана Абази-Рамадани (Косово), Војводата од Мантова Михаил Михајлов (Бугарија), Спарафучил: Владимир Саздовски, Мадалена: Вишња Радосав (Србија), а диригент на операта ќе биде гостинот од Италија, Џанлука Марчано. „Риголето“ се смета за една од најубавите музичики драми во оперската литература и нејзиното либрето базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com