HomeДЕНЕШНАРепубликаРибокрадци со камења против полицијата во Охрид

Рибокрадци со камења против полицијата во Охрид

Рибокрадци ја нападнале полициската патрола фрлајќи камења кон службениците и им се заканувале дека ќе ги претепаат. Инцидентот се случил на 16-ти јуни кај местото Грашница кадерибокрадците поставиле риболовна мрежа „крапарка“ во должина од 80 метри за да ловат риба незаконски. Тоа го направиле иако знаеле дека во тој период, поради мрест е забранет секаков вид риболов.

Нелегално поставената рибарска мрежа, во 19,20 часот била забележана од страна на рибочуварите на концесионерот на Охридското Езеро, по што, согласно Законот за рибарство и аквакултура, биле преземени мерки за вадење на мрежата.

Кога рибокрадците забележале дека ја вадат мрежата, со чамец се упатиле кон пловилото на двајцата овластени службени лица. Едниот рибокрадец им упатил закани на двајцата рибочувари дека ќе ги нападне, ќе им ги запали возилата и ќе им наштети на нивните деца. Веднаш потоа почнал да фрла со камења со што на двајцата рибочувари, сакајќи да ги заплаши им ја загрозил сигурноста при вршење на службата.

Двајцата пријавени се познати сторители на кривичното дело „незаконит риболов“, за што повеќепати се казнувани со затворски и парични казни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com