HomeАНТИСТРЕСШтосноРетка можност за бабл фудбал со Цевитана во Дојран

Ретка можност за бабл фудбал со Цевитана во Дојран

Адреналинската спортска атракција Цевитана Bubble Football продолжува во Дојран каде натпреварите ќе се одржат во склоп на Д фестивалот. Во текот на трите фестивалски дена, од 15-ти до 17-ти јули во автокампот Партизан од 17-20 часот ќе се играат натпреварите меѓу пријавените тимови, а посетителите ќе можат да уживаат во новите вкусови на Цевитана и ова атрактивно фудбалско доживување.

Сите оние кои сакаат да пријават екипа за бабл фудбал треба да состават тим од 5 натпреварувачи на возраст од 15-45 години. Пријавувањето е во тек и се одвива на Фејсбук страната на Цевитана во инбокс: facebook.com/Cevitana.mk или може да се пријават непосредно пред турнирот, во самиот камп Партизан  во Дојран.

За најдобрите и најталентирани во бабл фудбалот ќе има и награди, а како за натпреварувачите, така и за посетителите ќе следат и дополнително бројни подароци и изненадувања. Покрај возбудливиот турнир во фестивалскиот камп ќе биде поставен и Цевитана корнер каде камперите ќе може да се релаксираат и да се освежат со новите вкусови на Цевитана: манго, грејпфрут и мента и лимон.

Цевитана корнерот ќе понуди и други содржини и занимации, како, играње фудбалче, пикадо, табла и уште неколку други друштвени игри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com