HomeДЕНЕШНАПолитикаРепортери без граници: Паѓаат медиумските слободи во Македонија

Репортери без граници: Паѓаат медиумските слободи во Македонија


Според најниовиот извештај на организацијата Репортери без граници Македонија има очаен тренд на опаѓање на медиумските слободи, изразувањето и објективното информирање и сега го завзема 118-то место за убедливо дно во Европа.
Еден од главните проблеми во медиумската сфера е самоцензурата која ја применуваат новинарите плашејќи се од голем број закани по нивното работење, откази, но и можни тужби за клевета и навреда. Токму овој правен метод бил искористен речиси 600 пати во изминатите две години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com