HomeДЕНЕШНАЕкономијаРезервирајте денеска: Wizz Air ви овозможува 20% попуст на сите авионски летови

Резервирајте денеска: Wizz Air ви овозможува 20% попуст на сите авионски летови

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и лидер на авио-пазарот во Македонија, денеска го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20% на цената по седиште, за сите резервации на летови кои ќе бидат направени денеска, 27 јули, до полноќ.

Попустот важи за сите резервации направени денеска и се однесува на која било од 124те WIZZ дестинации.

Во Македонија, Wizz Air нуди вкупно 25 правци до 11 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко, овозможувајќи бизнис и останати патувања.

Wizz Air неодамна ја најави новата македонска рута од Скопје до Хановер, главниот град на сојузната покраина – Долна Саксонија во Германија, која ќе започне од 31 октомври.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com