HomeДЕНЕШНАЕкономијаРегулаторна одлучи: Нафтените деривати од полноќ со нова цена

Регулаторна одлучи: Нафтените деривати од полноќ со нова цена

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 46 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 41,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,68 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com