HomeДЕНЕШНАЕкономијаРегулаторна донесе одлука: Од полноќ нови цени на бензините

Регулаторна донесе одлука: Од полноќ нови цени на бензините

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари. За половина денар се зголемува малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,52 денари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com