HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРеал го пушта Роналдо во Јунајтед за „само“ 60 милиони евра?

Реал го пушта Роналдо во Јунајтед за „само“ 60 милиони евра?

Photo by Stuart Franklin/Bongarts/Getty Images

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид е подготвен да и овозможи на својата ѕвезда Кристијано Роналдо враќање во Манчестер Јунајтед за 60 милиони евра. Според овие шпекулации, претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез верува дека претстоечкиот трансфер период е најверојатно последен од кој би можел да заработи на трансфер на Португалецот, бидејќи смета дека неговата цена константно ќе се намалува.

Договорот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид му истекува во 2018 година, но често и самиот тој говореше дека Јунајтед е се уште во неговото срце и дека нема ништо против враќање на „Олд Трафорд“, каде всушност се стекна со светска слава. Роналдо во 2009 година токму од Јунајтед премина во редовите на Реал за тогаш рекордни 94 милиони евра. Во Јунајтед за шест сезони кои ги помина таму освои три титиули во Премиер лигата, една титула во Лига на шампионите, два лига купа, Фа Куп, Комјунити Шилд и светско клупско првенство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com