HomeДЕНЕШНАСветРација во канцелариите на „Мосак Фонсека“

Рација во канцелариите на „Мосак Фонсека“

Федералните истражители од Панама спровеле рација во канцелариите на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“, која е поврзана со голем број на оф-шор сметки поврзани со светски лидери.

Јавниот обвинител на земјата објави соопштение дека обвинителите и полицијата се во потрага за какви било докази со кои ќе се утврди можната вмешаност на фирмата во „незаконски активности“. „Мосак Фонсека“ е осомничена за вмешаност во даночно затајување и измама. Полицијата влезе во седиштето на компанијата и ги пребаруваше канцелариите за докази во поддршка на обвиненијата. Во меѓувреме, адвокатска фирма на Твитер објави дека „продолжува да соработува со властите“ во истрагата.

Таканаречените „Панамски документи“ пред една недела се најдоа на интернет и посочуваат дека компанијата е вклучена во даночно прикривање за голем број на богатите странски клиенти. Основачот на компанијата, Рамон Фонсека изјави дека компанијата не прекршила никакви закони и не уништила документи.

Меѓу клиентите се украинскиот претседател Петро Порошенко, пријатели на рускиот претседател Владимир Путин, роднините на британскиот премиер Дејвид Камерон, пакистански премиер Наваз Шариф и кинескиот претседател Кси Џинпинг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com