HomeДЕНЕШНАРегионРаст на убиствата во Косово, граѓаните ја земаат правдата во свои раце

Раст на убиствата во Косово, граѓаните ја земаат правдата во свои раце

Бројот на убиства од различни мотиви во Косово е драстично зголемен оваа година и достигна 23 што е двојно повеќе од лани. Кај социолозите има голема загриженост бидејќи се бележи девалвација на општествените вредности додека во исто време властите губат контрола над правните процеси.

Поранешниот пратеник и експерт од областа на безбедноста,Бурим Рамадани,оценува дека три основни фактори влијаат во порастот на убиствата и влошувањето на јавната безбедност.

– Големото присуство на илегално оружје во рацете на граѓаните,од една страна,и недостигот на една сеопфатна политичка и граѓанска програма на Владата за да се намали желбата на граѓаните за поседување илегално оружје,е еден од елементите. Втор елемент или фактор е негрижата на безбедносните институции,истражните и судските, и како трет фактор е недостигот на доверба кај граѓаните во политичкиот систем на Косово,пред се на правосудството,-оценува Рамадани.

Социологот Бесник Пеци негативните појави ги препишување на недостиг на владеењето на правото и губењето на општествениот компас.

– Моите оценки во однос на убиствата во Косово се однесуваат на тоа дека во државава е инсталирана еден вид аномалија на вредностите и стандардите. Луѓето не знаат што да почитуваат.Бомбардирани сме од девалвација на вредностите и недостигот на спроведувањето на законот, оценува Пеци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com