HomeДЕНЕШНАЕкономијаРасте бројот на заболени од јазлеста кожа, вакцини се уште нема

Расте бројот на заболени од јазлеста кожа, вакцини се уште нема

Расте бројот на заболени говеда од болеста јазлеста кожа. Надлежните информираат дека се афектирани околу 580 говеда. Заболените животни се во претходно утврдените 13 жаришта во Источна Македонија. Вчера властите најавија дека вакцините ќе пристигнат до крајот на месецов по што ќе почне вакцинацијата на сите грла во државата.

Но, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска обвини дека Болеста „Јазлеста кожа“ се шири, сточарите се оставени без потребаната заштита и помош од државните институции. Тој ги демантира тврдењата на АХВ дека вакцини се набавени, но вели вистината е сосема спротивна а вакцини сеуште нема.

АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста. „Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.

Договорот за набавка на вакцините е потпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија“, вели Николовски. Целосен заштитен имунитет животните стекнуваат после третата недела од вакцинирањето. Што да прават сточарите за ова време? задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има! Тој заклучи дека одговорност за задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com