HomeДЕНЕШНАРепубликаРасте билансот на жртви, уште едно бебе пријавено за изчезнато

Расте билансот на жртви, уште едно бебе пријавено за изчезнато

Билансот на жртви се зголеми на 22 откако е пронајдено телото на уште едно дванаесет годишно дете кое починало во страшните поплави, додека едно шеснаесет месечно бебе е пријавено за исчезнато, соопштија од МВР.

„Вчера околу 17:00 часот лицето И.Г. од Стајковци пријави дека на 06.08 околу 22 часот во близина на раскрсница ул. 8 со ул. 5 во Стајковци движејќи се со трактор, неговиот дванаесет годишен син Иван Илиев како совозач, а дедото на Иван како возач, во моментот на временските неприлики наишле на голем воден бран кој го превртел тракторот и водата почнала да го носи Иван, кон место викано Попово Маало од каде му се губи трагата. Околу 20:40 пријавено е дека на последната постојка 65 во населба Сингелиќ од страна на неговиот татко било пронајдено починатото дете. По извршена идентификација по наредба на ЈО телото на починатото дете е предадено на фамилијата за погреб.

Вчера околу 18 часот Џ.Ф пријавил дека на 06.08 околу 20 часот во близина на обиколницата Смилковско езеро движејќи се со возило управувано од неговиот брат сега починатиот Фуркан Фејзула во кое како сопатник била неговата шеснаесет месечна ќерка Елиф Фејзула, во момент на временските неприлики наишол голем воден бран, кој почнал да го носи возилото, од кога на детето му се губи секоја трага. Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето“, се вели во извештајот на МВР.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com