HomeФЕР ПЛЕЈТенисРаониќ без Шанси, Мареј убедливо до својот трет Грен слем!

Раониќ без Шанси, Мареј убедливо до својот трет Грен слем!

Вториот тенисер во светот Енди Мареј го осввои Вилмблод, совладувајќи го во финалето Милош Раониќ со резултат од 6:4, 7:6(3), 7:6(2). Шкотот со оваа победа стигна својот трет Грен слем во своето 11 финале и потврди дека моментално е единствената сериозна закана за Новак Ѓоковиќ. Прв пат во својата кариера Мареј не играше финале на Грем слем против Ѓоковиќ или Федерер и во потполност ги искористи елиминациите на Србинот и Швајцарецот.

Marej-Raonic 1

Тој го искористи и стравот и тремата кои беа присутни кај Раониќ кој го играше своето прво Грен слем финале во кариерата и прилично рутински успеа да дојде до оваа голема победа за него. Раониќ имаше само еден ас повеќе од Мареј (8-7), а во целиот натпревар само во еден гејм имаше брејк шанса, а ги пропушти и двете во петиот гејм од третиот сет.

Raonic

Од друга страна пак, Мареј одигра на своето претпознатливо ниво, го направи единствениот брејк во првиот сет (1-7 во брејк топки), но и во двата тај-брејка кои се играа во вториот и во третиот сет беше далеку поконцентриран од својот противник и на крај сосема заслужено успеа да стигне до својата втора титула на Вимблдон.

marej

Со оваа победа Британецот му се приближи на Новак Ѓоковиќ на официјалната АТП листа, па српскиот тенисер ќе има многу работа доколку сака да си го обезбеди првото место на оваа листа на крајот на 2016 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com