HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРаниери: Ништо не е готово, ние не сме Јунајтед

Раниери: Ништо не е готово, ние не сме Јунајтед

Foto: Getty images

Менаџерот на лидерот на табелата во Премиер лигата Лестер Сити Клаудуио Раниери, истакна дека неговиот тим се уште не ја освоил титулата во Премиер лигата, иако има седум поени предност. На Лестер на пет кола до крајот во Премиер лигата им се потребни уште само пет поени за да дојдат титулата во Англија.

„Се уште ништо не сме оствариле. Фудбалот е чудна игра, да не зборуваме за Лестер, туку за Јунајтед или Сити со седум поени предност, вие ќе кажевте дека се е готово. Ние ние сме Лестер, мораме се уште силно да се бориме“, изјави Раниери. Следна пречка на Лестер е одличниот Вест Хем, кој му гостува на Лестер во недела со почеток од 14:30.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com