HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРаниери: Играчите никогаш не се откажуваат

Раниери: Играчите никогаш не се откажуваат

Getty Images

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери изјави дека изедначувањето против Вест Хем во последните моменти многу ќе му значи на неговиот тим во борбата за титулата. „Многу сум среќен, бидејќи кога губите и постигнете погодок за изедначување во последната минута, тоа е одлично за тимот на психолошки план“, изјави Раниери.

Фудбалерите на Лестер и Вест Хем одиграа нерешено 2:2 во натпреварот од 34 коло од англиската Премиер лига. Бодот на лидерот во Премиер лигата му го донесе Леонардо Улоа од пенал во 94 минута.

„Очекувавме тежок натпревар. Имавме среќа на почетокот, но потоа постигнавме погодок и создававме шанси. Кога губевме покажавме одличен карактер, играчите дадоа се од себе. Тие никогаш не се откажуваат“, заклучи Раниери.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com