HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРаниери заплака после новата победа на Лестер!

Раниери заплака после новата победа на Лестер!

Photo by Michael Regan/Getty Images

Тренерот на Лестер Сити Клаудио Раниери константно се обидува да го намали притисокот преку своите изјави во медиумите за своите играчи, кои со вчерашната победа се доближија до сензационално освојување на титулата шампион во Премиер лигата.

Лестер во вчерашниот натпревар го совлада тимот на Сандерленд и сега има предност од седум поени пред второпласираниот Тотенхем, на само пет кола пред крајот на шампионатот. Меѓутоа, Италијанскиот тренер полека чувствува дека остварувањето на сонот е многу блиску, па после триумфот не успеа да ги скрие емоциите и беше снимен како плака додека ги поздравува навивачите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com