HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Рамштајн“ ја тужи германската влада

„Рамштајн“ ја тужи германската влада

„Рамштајн“ тужи немачку владу

Познатиот германски метал бенд „Рамштајн“ на судот во Бон во Германија поднесе тужба против германската влада, поради забрана за рекламирање и продажба на нивниот албум од 2009 година, барајќи оштета од 66.000 евра. Како што пренесуваат германските медиуми, надлежните органи своевремено заклучиле дека албумот на овој метал бенд насловен како „Liebe ist fuer alle da“, а посебно песната „Ich tu dir weh“ од 2009 година, изобилува со содржини штетни за развој на младите.

Сојузното министерство за медиуми тогаш проценило дека и фотографиите кои се наоѓаат како насловни на овој албум се брутални и неморални. Според податоците, бендот морал да уништи 85.000 носачи на звук, односно да ги врати онаму каде што се наоѓале. Оваа шетета „Рамштајн“ сега сака да и биде надоместена. Процесот пред судот во Бон би требало да започне ова лето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com