HomeДЕНЕШНАСкопјеРамстор ќе го замени Карфур

Рамстор ќе го замени Карфур

На Карфур дефинитивно му дојде крајот. На негово место ќе се отвори нов Рамстор маркет во рамки на трговскиот центар Скопје Сити Мол. Маркетот ќе биде отворен во април, на површина од 4648 метри квадратни, а во кој ќе се вработат околу 100 луѓе.

Како што велат од компанијата стратегијата за ефикасен раст на Рамстор во земјата опфаќа постојано ширење во малопродажниот сектор преку отворањето на нови маркети, покрај постојаните кои беа отворени во Скопје, Куманово, Тетово, Струга, Охрид и Кичево.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com