HomeДЕНЕШНАРегионРазрешен градоначалник во Албанија поради сексуален напад

Разрешен градоначалник во Албанија поради сексуален напад

Албанската влада денеска го разреши градоначалникот на Околијата Пешкопеја, Шукри Џелили, поради сексуален скандал кој бил објавен на социјалните мрежи. Во образложението на владиниот кабинет стои дека разрешувањето е поради тешко нарушување на етички и морални активности од страна на градоначалникот Џелили, кој инаку е од редот на владеачката Социјалистилка партија.

Албанската телевизија Ora News ги објави скандалозните снимки на кои 56-годишниот градоначалник бара сексуални услуги од 20-годишна девојка која работела во локалната власт и барала ново работно место и зголемување на платата.

По објавувањето на скандалот на наведената телевизија во четвртокот навечер, полицијата го привела на градоначалникот Џелили со цел да земе негов исказ.

Шукри Џелили стана градоначалник на околијата на Пешкопејаа како кандидат на Левата колаиција по победата на локалните избори кои се одржаа на 21-ви јуни 2015 година. Тој освои над илјада гласови повеќе од неговиот противкандидат на десницата Илир Кроси, кој претходно беше градоначалник во два мандата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com