HomeАЈНШТАЈНИЈААтласРазладете се! Денеска е Светскиот ден на пивото

Разладете се! Денеска е Светскиот ден на пивото

Пивото е старо речиси колку и самото човештво. Тоа е најпознат светски алкохолен пијалок и трет најконзумиран пијалок после водата и чајот, што ни дава идеја за тоа колку луѓето сакаат пиво.

Препорачливо е конзумирање во умерени количини а токму денеска можете слободно да наздравите со една кригла ладно пиво затоа што Светскиот ден на пивото се прославува секоја година, првиот петок во месец август.

Овој неофицијален празник за првпат бил „основан“ во 2007 година во Санта Круз, Калифорнија, а денеска го имаат прифатено над 200 града од 50 држави низ светот.

Пивото е навистина здраво. Богато е со витамини, а оние кои го пијат внесуваат 30 отсто повеќе витамин Б6 во споредба со луѓето кои не го консумираат, а исто така помага во намалување на камен во бубрезите. Освен тоа, пивото ги зацврстува коските со тоа што содржи големи количини на силикон кој ги складира калциумот и минералите во коскеното ткиво. Бројни студии покажале дека оние кои редовно уживаат во пивото имаат 50 проценти помалку шанси да добијат мозочен удар.

Најскапото пиво е белгиското “Vielle Bon Secours“, од кое едно шише чини околу 1000 американски долари, додека пак земјата во која најмногу се конзумира пивото и тоа по импресивни 151 литар по жител е, логично, Република Чешка.

Освен пиво со различни брендови и процент на алкохол, во големите маркети може да се најде и безалкохолно пиво. Кое ќе го одберете вие, останува на вас. На здравје !

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com