HomeДЕНЕШНАРегионРазбиена албанско-грчка криминална мрежа во Атина

Разбиена албанско-грчка криминална мрежа во Атина

Во голема акција, грчката полиција разбила опасна криминална банда, чии членови главно биле Албанци.Таа се товари за две убиства и многу разбојништва. Според полицијата, на која се повикува порталот Албеу, групата главно „оперирала“ во периферијата на Атина. Упасени се двајца Албанци на возраст од 28 и 43 години, како и Грк на 43-годишна возраст.

Полицијата се сомнева дека дел од групата е уште еден Албнец (27), кој моментно е во затвор заради грабеж. Истрагата потврдила дека групата е одговорна за убиствата на 53- годишен Грк и една грчка старица, извршени во 2005 година. И двајцата биле убиени при разбојништва кои во нивните домови ги извршила групата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com