HomeДЕНЕШНАРегионРадован Караџиќ поднесе жалба на пресудата од Хашкиот трибунал

Радован Караџиќ поднесе жалба на пресудата од Хашкиот трибунал

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, денеска поднесе жалба против пресудата со која Хашкиот трибунал го осуди на 40 години затвор за геноцид и воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995).

Адвокатот на Караџиќ, Питер Робинсон, истакна дека неговиот клиент бил подложен на политички процес со цел „да се демонизира српскиот народ во БиХ“. Крајниот рок за обжалување на пресудата истекуваше на 22 јуни, но беше продолжен до 22 јули.

На 25 мај Хашкиот трибунал го осуди 70-годишниот Караџиќ на 40 години затвор за геноцид над муслиманското население во Сребреница, за злосторства во Сараево, за земање на заложници и за голем број воени злосторства во седум општини во БиХ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com