HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРадевски се надева дека Македонија може до позитивен резултат

Радевски се надева дека Македонија може до позитивен резултат

Фудбалската репрзентација на Македонија до 21 година утре во Киев на стадионот „Валери“ ќе брка позитивен резултатм во однос на одржување на шансите за пласман на Европското првенство. Напаѓачот Марјан Радески очекува добар настап на „црвено-жолтите“ и смета дека ова е голема шанса за Македонија.

„Украина е многу силна репрезентација, ова ќе биде тежок испит за сите нас, но се надевам дека ќе го поминеме. Во овие квалификации покажавме квалитет, нашата група на играчи е силна, го имаме и потребниот спокој и се што сакаме е да продолжиме да играме како и досега. Како и да заврши овој натпревар, продолжуваме понатаму, ние сме репрезентација која е подготвена за големи работи, а така ќе се однесуваме и утре на натпреварот“, изјави напаѓачот Марјан Радески.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com