HomeФЕР ПЛЕЈФудбалРаботнички и Силекс елиминирани од квалификациите за Лига Европа

Работнички и Силекс елиминирани од квалификациите за Лига Европа

Екипата на Работнички ги заврши натпреварите од Лига Европа откако синоќа во реванш од првото коло од квалификациите загуби на гостувањето кај Будуќност во Подгорица со 1:0. Екипата од Црна Гора се пласира бидејќи на првиот натпревар резултатот беше 1:1 или вкупен резултат 2:1.

Единствениот гол беше постигнат од пенал во 18. минута, а стрелец беше Ристо Радуновиќ. На голот му претходеше и исклучување на играч на Работнички, Леон Најдовски во 17. минута. Будуќност во следната рунда ќе игра со екипата на Генк.

Силекс со нов пораз го заврши својот настап во квалификациите на Лига на Европа. Кратовскиот тим синоќа во реванш -мечот против Вадуц, кој се одигра арената „Филип Втори“, загуби со 1-2. Во првиот натпревар во Лихтенштајн, фудбалерите на Силекс загубија со 3-1.

Единствениот гол за нашиот претставник синоќа го постигна капитенот Марјан Мицков во 31. минута. Двата гола гостинската екипа ги постигнаа во последните три минути од мечот. Прво фудбалерите на Вадуц израмнија од пенал, а токму стрелецот од белата точка, Констанцо во последната минута од мечот со ефектен гол направи комплетен пресврт за Вадуц и победа од 1-2.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com