HomeДЕНЕШНАЕкономијаПушачите имаат избор на производи со помал ризик и мотиви за одвикнување

Пушачите имаат избор на производи со помал ризик и мотиви за одвикнување

 

Според анализата на Дерек Јах, Сениор Потпретседател на Vitality Group, денешните пушачи имаат достапна цела палета на производи со намален ризик, а се направени и големи постигнувања во областа на одвикнувањето и предупредување на сите можни последици. Во продолжение прочитајте и целата анализа.

yach

– Во 1998 година, д-р Гро Харлем Брундтланд беше назначен за Генерален Директор на Светската Здравствена Организација (СЗО). Иницијативата против тутунот беше една од двете рани „водечки проекти” иницирани од Брундтланд, заедно со иницијативата за борба против маларијата.

Иницијативата против тутунот имаше задача да ја информира јавноста за зголемениот процент на хронични и непреносливи болести и ја искористи Рамковната Конвенција за Контрола на Тутунот како главен двигател за постигнување напредок на ова поле.

Една декада пред иницијативата во 1998 година, Собранието на СЗО изгласа резолуција за прославување на Денот без тутун секоја година, со цел да се потенцираат здравствените ризици предизвикани од тутунот, како и да се истакне потребата за индивидуални, како и заеднички активности.

За целото тоа време, бев во Советот за Медицинско Истражување. Андриес Бринк беше претседателот. Ги собравме Јужноафриканските експерти за контрола на тутун да работат со Јужноафриканскиот Медицински Журнал, со цел да се издаде еден број целосно посветен на контрола на тутунот. Изданието се поклопи со Денот без тутун – како што беше нарекуван тогаш – и ги потенцираше идните епидемиолошки и економски ефекти од недостатокот на делување. Се фокусиравме на важноста на зголемувањето на акцизите, забраните за рекламирање на тутун и поддршка за програмите за прекинување со пушење. Во тоа време, идејата за сериозна глобална акција – сржта на Рамковната Конвенција за Контрола на Тутунот – или за намалување на штетите, не беше земена предвид.

Оваа година, СЗО и Секретаријатот на Рамковната Конвенција за Контрола на Тутунот ги охрабруваат државите да усвојат унифицирани пакувања на тутунските производи. Унифицираните пакувања може да помогнат при намалувањето на побарувачката, преку намалување на атрактивноста на тутунските производи, намалувајќи ја употребата на пакувањата како форма на маркетинг и рекламирање, минимизирање на дизајнот и пакувањето кои погрешно ги наведуваат купувачите, како и зголемување на ефективноста на здравствените предупредувања.

Фокусот на СЗО за Денот без тутун е одбележан и со судската одлука во Велика Британија за одбивање на жалбата на големите тутунски компании против унифицираните пакувања на цигарите. На годинашното Годишно Собрание на СЗО, Генералниот Директор Маргарет Чан ја спомена Британската судска пресуда, како и одлуката на еден тутунски џин да не ја обжали одлуката. Philip Morris International нема да ја обжали одлуката и компанијата изјави дека наместо тоа, ќе се фокусираат на развој и комерцијализација на производи со намален ризик. Во своето излагање пред јавноста, од Philip Morris изјавија дека веруваат дека пушачите и јавното здравје ќе имаат многу поголема корист од овие производи, отколку од унифицираните пакувања.

Philip Morris не се сами. Широка палета на помали производители на електронски цигари им овозможуваат на пушачите алтернативни начини да внесуваат никотин, притоа елиминирајќи ги штетите предизвикани од катранот во тутунските производи.

Владите треба да го препознаат овој тренд и да го поддржат, преку развој на регулаторни системи кои ги одвлекуваат пушачите од досегашните смртоносни цигари кон производи со намален ризик. Рамковната Конвенција одигра значителна улога во контролата на тутунот, но сега треба да започне да се трансформира кон новите знаења и информации, со цел да се намали бројот на смртни случаи.

Треба да се напомене дека унифицираните пакувања навистина би можеле да бидат ефективни, преку намалување на бројот на нови пушачи и потенцијално намалување на смртните случаи во следните 30-50 години. Ако СЗО реши да ги поддржи овие мерки на компаниите за производство и комерцијализација на производи со намален ризик, ефектот ќе биде далеку поголем, а значителни разлики кај моменталните една милијарда пушачи на планетата ќе бидат забележани веќе во следните 10-20 години.

На Светскиот Ден без Тутун, треба да ги охрабриме пушачите да престанат со пушење, преку применување на сите ефективни пристапи, вклучувајќи ја и новата генерација на тутунски производи со намален ризик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com