HomeДЕНЕШНАРегионПучистите кои со хеликоптер избегаа во Грција ќе бидат екстрадирани

Пучистите кои со хеликоптер избегаа во Грција ќе бидат екстрадирани

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го уверил дека Грција ќе ги екстрадира осуммината војници, кои со хеликоптер пренегаа по неуспешниот воен удар и побараа политички азил, јави агенцијата Анадолија.

Хеликоптер со осуммина приврзаници на пучот слета вчера во градот Александрополис во северниот дел на Грција. Сите војници во хеликоптерот побарале политички азил, но нема да го добијат, најпрво ќе бидат процесуирани за нелегално слетување на грчка територија, а потоа ќе биде спроведено барањето за екстрадиција.

Власта во Атина ќе има мали симпатии кон воените припадници кои се дигнаа против Ердоган бидејќи не сака да си ги комплицира односите со Анкара, ниту пак во никој случај да биде обвинета за можна приврзаност со пучистите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com