HomeДЕНЕШНАРегионПучистите биле тренирани од ЦИА и ФБИ – обвинение кое може да ја скара Турција со Западот

Пучистите биле тренирани од ЦИА и ФБИ – обвинение кое може да ја скара Турција со Западот

Турција со потези кои можат да и ги нарушат односите со Западот. Турски обвинител тврди дека ЦИА и ФБИ ги вежбале следбениците на проповедникот Фетула Ѓулен кои на 15 јули се обидоа да извршат државен удар во таа земја.

Во обвинението, кое го подготвила канцеларијата на обвинителот во Едирне, а го прифатил локалниот кривичен суд, се бара максимална казна за 43 осомничени поврзани со обидот за преврат. Најтешката можна казна се бара и за Ѓулен, кого Ердоган го обвини дека го организирал пучот, а од САД се бара и негова екстрадиција.

„ЦИА и ФБИ организирале тренинзи во културните центри на ѓуленистичкото движење. Операциите кои обвинителите ги извршиле на 17 декември пред три години се добар пример за нивното дејствување“, се вели во обвинението, кое во теој дел реферира за високопрофилната корупциска истрага која опфатила високорангирани државни службеници меѓу 17 и 25 декември 2013 година, пишува Хуриет.
turcija puc
Во таа истрага биле обработени повеќе службеници поврзани со турската влада, која тогаш ја предводеше Реџеп Таип Ердоган. Ердоган, кој е сега претседател на Турција, тогаш тврдеше дека станува збор за обид за „судски пуч“ врз него и го обвини Ѓулен дека го организирал тој удар врз неговата влада, и тоа со странски сили. Во обвинението се наведува дека САД ги обучувале Ѓуленовите лојалисти и дкеа тие потоа ги инфилтрирале безбедносните институции.

„Целта на тој пропаднат обид за преврат била слабеење на државата и сите нејзини институции и уривање на владата. Ѓуленистите кои работат во судството и во безбедносните институции, а кои се навежбани од страна на Американците, се одговорни за тоа“, се вели во документот, пренесува агенцијата Анадолија.

Односите меѓу Турција и САД нагло се влошија по неуспешниот минатомесечен пуч. Дел од турските медиуми, турски службеници и функционети, ги обвинуваат САД за учество во пучот. Вашингтон ги отфрла сите тврдења за вмешаност во нападот.

Ердоган во последните недели сѐ пожестоко ги критикува САД поради нивното одбивање да го екстрадираат Ѓулен во Турција, а турскиот шеф на дилпоматијата Мевлут Чавушоглу пред една недела предупреди дека билатералните односи меѓу двете земји би можеле да бидат значително нарушени доколку Вашингтон не ѝ го предаде на Анкара проповедникот во егзил.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com