HomeДЕНЕШНАСветПутин одобрил изградба на руски Дизниленд

Путин одобрил изградба на руски Дизниленд

Русија планира изградба на тематски парк сличен на Дизниленд на границата Калаушк и Московската област, а една од водечките атракции ќе биде најголемиот аква-парк во светот, најави гувернерот на Калаушката област Анатолиј Артамонов на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин. Според неговите зборови, веќе биле определени 220 хектари земјиште и пронајдени инвеститори за изградба на овој парк.

Проектот „Магичниот свет во Русија“ е како што вели Артамонов, направен поради силниот прилив на туристи во овој регион, во однос на тоа дека бројот на туристи таму во последните три години бил двојно зголемен. Тематскиот парк ќе биде составен од неколку зони и хотели, а ќе го има и најголемиот аква-парк во светот. Поединечни зони ќе бидат посветени и на места од национален интерес, па така во една зона ќе се наоѓа и изложба посветена на Санкт Петербург.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com