HomeДЕНЕШНАСветПутин нема да присуствува на Олимпијадата во Рио

Путин нема да присуствува на Олимпијадата во Рио

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на свечената церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

– Не, колку што му е познато, во плановите на претседателот го нема тоа патување. Распоредот е поинаков, работен, изјави Песков, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Путин ќе оди на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во 2016 во Рио де Женеиро.

Путин беше дел од свечената церемонија на отворањето на ЛОИ во Пекинг во 2008, тогаш во улога на премиер. Во 2012 година на рускиот претседател беше и на Олимпијадата во Лондон каде го следеше финалето во џудо (негов омилен спорт), а подоцна се сретна и со тогашниот британскиот премиер Дејвид Камерон.

Во 2014 година беше домаќин на државниците кои решија да не ја бојкотираат свечената церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во кои се одржаа во Сочи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com