HomeАНТИСТРЕСШтосноПутин му подари сладолед на претседателот на Кина!

Путин му подари сладолед на претседателот на Кина!

И покрај тоа што Москва и Пекинг се во прилично топли меѓусебни односи, рускиот претседател Владимир Путин му донел на кинескиот колега Си Џинпинг ладен поклон- кутија руски сладолед. Претседателот на Русија му го врачил поклонот на кинескиот претседател за време на денешната средба во градот Хангџу го источна Кина, на маргините на самитот Г20 кој се одржува таму.

„Ветив дека ќе му го донесам овој поклон. Донев цела кутија сладолед“, истакна Путин, не прецизирајќи се каков вкус е неговиот ладен поклон. Си Џинпинг му се заблагодари на Путин за љубезниот гест, додавајќи дека го засакал рускиот сладолед за време на своите многубројни посети на Москва.

Sladoled-f1

„Секогаш кога одам во посета на Русија, замолувам да ми биде купен руски сладолед“, откри кинескиот претседател. „Вие го имате најдобриот шлаг, затоа вашиот сладолед е исклучително вкусен. Многу ми се допаѓа“, објасни Си Џинпинг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com