HomeДЕНЕШНАСветПутин до Ердoган: Злосторството на свадбата не шокираше

Путин до Ердoган: Злосторството на свадбата не шокираше

Рускиот претседател Владимир Путин испрати сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод терористичкиот напад извршен за време на свадба во Газијантеп. Во овој напад животот го загубија 50 лица. „Злосторството беше направено за време на свадба, не шокираше циничноста и суровоста“, стои во телеграмата на рускиот претседател.

Во телеграмата на Путин пишува дека уште еднаш се покажало дека тероризмот не се интересира за законите, цивилизираното друштво, дури ни најосновните морални вредности“, пренесува агенцијата „Тас“. Путин исто така додава дека оваа трагедија претставува само уште еден доказ дека е неопходно да се обединат силите на меѓународно ниво во борбата против тероризмот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com