HomeДЕНЕШНАСветПутин во декември ќе ја посети Јапонија

Путин во декември ќе ја посети Јапонија

Советникот на Кремљ Јуриј Ушаков соопшти дека претседателот на Русија Владимир Путин во декември ќе ја посети Јапонија. Датумот и времето веќе се познати, истакнува Ушаков, но ќе бидат соопштени во договор со јапонските функционери. Рускиот претседател во петок ќе одржи средба со јапонскиот премиер, а на нивната средба ќе присуствува и министерот за енергетика Александер Новак.

Оваа посета на Јапонија ќе биде прва за Путин уште од 2005 година. Односите меѓу Русија и Јапонија се нарушени поради спорот околу Курилските острови, кои Советскиот сојуз ги окупираше кон крајот на втората светска војна, а Јапонија ги смета за дел од својата територија, поради што овие земји до денес немаат потпишано мировен компромис.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com