HomeДЕНЕШНАСкопјеПротест на измамените во аферата „Фиком“

Протест на измамените во аферата „Фиком“

На булеварот Теодосиј Гологанов денеска се одржа протетст пред зградата на „Фиком“. Градежната афера која се случи пред десет години се уште нема разврска.

Граѓаните за  становите уплатиле до 40.000 евра, но еден ист стан им бил продаван на повеќе лица. Останале без пари и без стан, а се уште во судските лавиринти се обидуваат да добијат правда. Во становите за кои уплатиле капар, почнале да се вселуваат нови станари, а градежна фирма ги продава празните. Измамените граѓани бараат обештетување, или да им се предадат становите, или да им бидат вратени парите. Фирмата „Фиком“, инаку, влезе во стечај 2007 година. Се проценува дека брачниот пар Николиќ преку продажба на ист стан на повеќе лица предизвикал штета од 12 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com