HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПротест за малиот Алмир: Демонстрантите бараат максимална казна за убиецот

Протест за малиот Алмир: Демонстрантите бараат максимална казна за убиецот

Максимална казна за човекот кој намерно го прегази малиот Алмир Алиу и несреќниот случај да не се злоупотребува од страна на политичарите – порачаа демонстрантите на денешниот протест во Куманово, јавува Радио слободна Европа.

Протестот започна денеска во 15 часот, а граѓаните се собраа за да го изразат револтот од трагичната смрт на четиригодишниот Алмир Алиу кој беше намерно прегазен од овтомобил откако шоферот се скарал со неговите родители.

Семејството на малиот Алмир побара случајот да не се партизира и смета дека протестот не е потребен, бидејќи би можел да предизвика понатамошни инциденти или меѓуетничка омраза.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com