HomeДЕНЕШНАПолитикаПротести на Македонците и во Австралија!

Протести на Македонците и во Австралија!

Македонците кои живеат во Австралија, следејќи ја актуелната состојба во земјата најавија мирни протести против одлуката на Иванов за аболиција на сите политичари. Целта на овој собир е да се одржи мирен протест од страна на Македонската заедница во Викторија против неодамнешната одлука на Претседателот на Република Македонија со која тој аболираше 56 политичари и други личности, притоа ослободувајќи ги од правна одговорност за наводните коруптивни и други криминални дела кои биле сторени.

Организаторите на овие протести до сега ја имаат поддршката од МПД Брат Љубе Бошкоски, ЗК ВМРО – Народна Партија Мелбурн, Потомците на Александар, Обединети за Јохан, Македонска Алијанса, Достоинство Австралија, Советот на македонската Заедница, а исто така упатена е и покана до сите македонски организации, клубови и асоциации во Викторија да се придружат на овој протест.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com